27.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Тренерот Сколс не смее да ангажира играчи од газдата Сколс

Пол Сколс за првпат ќе биде тренер на клуб, а веќе го презеде кормилото на Олдам Атлетик, со што предизвика да се најде во исклучително ретка ситуација во англискиот фудбал.

Сколс е еден ос сопствениците на друг клуб од Островот на Салфорд сити и мораше да бара споецијална дозвола од Федерацијата за да може да ја прифати понудата на Олдам и да им биде нов тренер.

Зелено светло доби, бидејќи од ФА проценија дека Сколс не е мнозински сопственик на Салфорд, клуб во кој свој удел имаат и Рајан Гигс, Гери и Фил Невил и Ники Бат, сите соиграчи на Пол од златните денови на Манчестер јунајтед.

Сколс ќе дебитира викендов на кормилото на Олдам, но има интересна забрана, не смее да ангажира играчи од Салфорд. Или практично кажано тренерот Сколс не смее да купува фудбалери од газдата Сколс.

- Оглас -

Најнови вести