Тренерот Валверде добил ултиматум од Барселона

Слабиот старт на сезоната за Барселона и очајните игри на гостувањата придонесоа да почнат размислувања за смена на тренерот Ернесто Валверде. Тој од управата добил ултиматум – или да ги добие следните минимум два лигашки меча, против Вилјареал дома и со Хетафе на гости, или ќе добие отказ.

Најголем поддржувач на Валверде е главната ѕвезда Лионел Меси, но ако Барса киксне во текот на неделава, веројатно и тој нема да му помогне на шефот на стручниот штаб. По пет кола, Барселона е само осма на табелата во шпанското првенство и има најслаб старт во последните 25 години. Од три гостувања, се вратија само со еден бод.

Баскиецот Валверде од 2017 година е тренер на Барселона и освои четири трофеи. Договорот му е крајот на сезонава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести