Лудо, но вистинито, тренерот Андре Хајниш (40) беше јунак на натпревар од првото коло на купот на германската покраина Саксонија.
Поранешниот професионален фудбалер кој има играно за Динамо Дрезден во третата Бундеслига, влегол во игра во продолжението при резултат 2-2 и веднаш го постигна победничкиот гол во 117-та минута.
Но, приказната е далеку од завршена бидејќи тренерот сега мора да плати казна за тоа што го однел својот тим во следната рунда.
„Немав копачки со мене. А, секој што доаѓа без копачки уплаќа во касата на тимот. И секој што ќе го постигне својот прв гол, го прави истото“, објасни Хајниш.
Но, овие трошоци сепак би можеле да се исплатат за Хајниш и неговиот тим. На пример, ако се паднат со Лок Лајпциг, Ауе, Цвикау или Кемницер би играле дома на современиот стадион Хајнц Штајер (10.000 седишта) и би имале убава заработка.
Победникот на Купот на Саксонија ќе добие 160.000 евра, вклучувајќи и место во Купот на Германија. Сепак, момците од Дрезднер се уште многу далеку да го постигнат тоа. Но, во ред е да се сонува.
Во следното коло (6/7 септември) тие ќе го пречекаат тимот од седмата лига, Мотор Вилсдруф – тоа веќе изгледа како остварлива задача.
Можеби главниот тренер Андре Хајниш ќе ги понесе и своите копачки за секој случај. Никогаш не се знае…