Тренерската работа во Италија станува и семејна традиција

Семејството Малдини, кое трета генерација дава фудбалери во првиот тим на Милан, е само едно од семејствата во Италија кои сакаат да имаат повеќе од еден претставник во најпопуларниот спорт на светот.

Некогашни играчи дочекаа да ги видат своите синови во Серија А, а некои се обидуваат во тренерската струка.

Антонио Конте во Интер го ангажираше својот брат Џанлука како еден од помошниците, задолжени за скаутинг и анализа на противниците. Браќата Конте заедно соработуваа и во Бари, Јувентус, Челзи и италијанската репрезентација, секаде каде што Антонио беше главен тренер.

Нивниот случај е сличен со тој на Анчелоти. Карло покрај себе го има синот Давиде, кој тренираше во Милан, каде што татко му ги мина најславните денови. Давиде работеше како кондициски тренер на младинците на ПСЖ, со татко му беше и во стручниот штаб на првиот тим на Реал Мадрид, а заедно беа и во Баерн пред да почне ерата на Карлето во Наполи.

И Чезаре Прандели додека работеше како селектор, покрај себе го имаше синот Николо. Сега веќе не се заедно, но тоа може лесно да се смени ако Чезаре добие привлечен ангажман.

- Оглас -

Најнови вести