Русинката Дарија Касаткина го освои ВТА турнирот во Москва. Во финалето, таа беше подобра од Онс Јабеур од Тунис со 2:6, 7:6, 6:4. Интересно е што на средината од вториот сет, не ни можеше да се претпостави дека Русинката ќе се радува на крајот. Касаткина беше целосно депримирана и речиси се предаде откако губеше со 6:1 и 4:1, но потоа се појави нејзиниот тренер, Белгиецот Филип де Хес и ѝ оддржа неверојатен говор.
„Уште не е готово. Имаш 10 минути да најдеш решение. За што размислуваш? Немој да мислиш дека е невозможно. Уште си во игра. Треба да сервираш. За што размислуваш, што чувствуваш, кажи ми конкретно“, прашуваше тренерот Де Хес, пред да го најде решението.
Тенисерката веднаш реагираше. „Таа игра предобро, а јас сум посрамотена“, рече Касаткина, а потоа го слушна говорот од тренерот кој и даде неверојатна сила да се врати во мечот и да победи.
„Послушај ме, ќе најдеме решение. Дај ми една цел на сервисот. Ќе сервираш само „кик“ или во тело. Нема да сервираш на форхенд. Ок? Ретерните да бидат во средина и потоа играш само на бекхенд“, беше тактичкиот совет на тренерот, а потоа следуваше мотивацискиот говор, што даде дополнителна сила на руската тенисерка. „Мечот не е завршен. Ако мислиш дека е завршен, тогаш јас и ти ќе ја менуваме работата. Јас тоа не го сакам, сакам да останам и со тебе да ја освојам титулата. Тоа и ќе го направиме. Секој поен ќе го играш исто, ти го можеш тоа. Докажи дека можеш да се бориш до крај. Престани да мислиш дека можеш да изгубиш, бла, бла, бла… Ментално, ова е предизвик на твојата кариера. Гледај во резултатот, гледај ја ситуација и направи го тоа“, беа зборовите на тренерот, кој потоа се повлече и остави мечот да продолжи.
Down 6-2, 4-1 down, a despondent Daria Kasatkina called out Philippe Dehaes @tennisrussia.
Here’s what he said: pic.twitter.com/K6VuDIjM8A
— WTA Insider (@WTA_insider) October 20, 2018
Касаткина се врати на теренот и на неверојатен начин успеа да го довие вторито сет со 7:6, а потоа во решавачкиот трет сет да биде подобра со 6:4 и да се израдува на првата титула и тоа во главниот град на својата татковина, во Москва.