Новиот тренер на Барселона уште од почетокот на неговиот мандат воведува свои методи, а очекува позитивно да влијаат врз фудбалерите. Една од методите е тренинг на денот пред секој натпревар, нешто што ретко го прават останатите тренери, но не им е непознато на ѕвездите на шпанскиот првак.
Пред Сетјен, оваа метода ја вметна и Луис Енрике во првата сезона од неговиот престој на „Камп ноу“, но Меси и останатите не се согласуваа со тогашниот стратег, иако ја почитуваа одлуката. Целта на Сетјен е да ги одржува играчите максимално подготвени, па така во случај кога играат во вечерните термини, истиот ден ќе одработат тренинг во утринските часови, како подготовка за самиот предизвик.
Валверде ја отстрани оваа метода и подготовките за секој меч се одвиваа ден порано. Барселона во недела во 21 часот ја пречекува Гранада во рамки од 20-тото коло во Ла Лига, а првиот тим ќе одржи тренинг во 11 часот наутро.