Седумкратниот НФЛ-шампион Том Брејди стартуваше со подготовките за новата сезона во американскиот фудбал, па покажа како се одвива неговиот тренинг.
Квотербекот на Тампа беј ја користи машината за додавање како примач, покажувајќи ја неверојатната прецизност трипати по ред да го погоди просторот. Неговите следбеници на социјалните мрежи не може да поверуваат дали видеото е вистинско или е монтажа.
„Оваа недела почнува тренинг-кампот. Мило ми е што конечно ќе работам со добри примачи“, напиша Брејди.
Training camp starts this week. I’m looking forward to having some actual receivers again… pic.twitter.com/PDl1puHr46
— Tom Brady (@TomBrady) July 25, 2021