18.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025

Тренинзите на Конте се брутални, и Кејн и Сон испопаѓаа од замор, само Хрватот издржа на нозе

Тотенхем многу амбициозно влегува во претстојната сезона во Премиерлигата, а тренерот Антонио Конте „им ја вади душата“ на фудбалерите, со цел тие да бидат физички максимално подготвени за напорите кои им претстојат во следните десетина месеци.

Екипата на Тотенхем е на подготовки во Јужна Кореја, за два дена ќе го играат првиот контролен натпревар, против ѕвездите од корејската лига, а сликите од денешниот тренинг во Сеул, го обиколија светот.

Играчите често беа на колена или легнати, се бореа да земат воздух после исцрпувачките тренинзи кои ги наметнува Конте, а Хари Кејн и повраќал. Најиздржлив бил Иван Перишиќ кој дојде од Интер, и ги знае методите на Конте.

https://twitter.com/i/status/1546452659439341568

- Оглас -

Најнови вести