Трент Александер-Арнолд ќе го пропушти финалето на Карабао купот против Њукасл

Трент Александер-Арнолд со сигурност ќе го пропушти финалето на Карабао купот во недела меѓу неговиот Ливерпул и Њукасл, но неговата повреда не е премногу сериозна, откриваат медиумите на Островот.

Англискиот репрезентативец го повреди глуждот за време на реванш-натпреварот меѓу Ливерпул и Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите.


Според најновите информации, очекувањата се дека Трент Александер-Арнолд ќе биде на располагање за остатокот од сезоната. Првично имаше стравувања дека повредата е посериозна и дека тоа може значително да му ги ограничи настапите до летото.

- Оглас -

Најнови вести