Трент Александер-Арнолд официјално се прости од Ливерпул!

Трансферот за кој подолго време се зборуваше дека ќе се оствари е пред официјална реализација, Трент Александер-Арнолд нема да го продолжи договорот со Ливерпул и како слободен агент ќе се пресели во Реал Мадрид.

Трент е дете на Црвените, има 26 години, а 20 години беше дел од славниот клуб од родниот град, од „петле“ па досега како докажан сениор.

Но, играњето за клуб каков што е Реал Мадрид, во којшто е неговиот близок пријател Џуд Белунгам, кој заврши голема работа околу убедувањето на Трент да му се приклучи, беше предизвик кој не можеше да го одбие.

Фановите на Реал се „заљубија“ во бекот уште пред шест години, кога направи легендарна „финта“ и изведе корнер по кој Ливерпул даде гол за победа над Барселона од 4-0 и така ги елиминира Каталонците таа сезона.

Трент во интервју за сајтот на Ливерпул ја објасни и причината за разделбата.

„Ова е убедливо најтешката одлука што некогаш сум ја донел во мојот живот. Знам дека има фанови кои се разочарани. Во целосен фокус ми беа најдобрите интереси на тимот и обезбедувањето на 20-тата титула на Ливероул. Овој клуб е целиот мој живот, целиот мој свет веќе 20 години. Од Академијата, па досега поддршката и љубовта што ја чувствував од сите внатре и надвор од клубот засекогаш ќе останат со мене. Јас засекогаш ќе ви бидам должник на сите вам. Но, никогаш не сум знаел за ништо друго и оваа одлука е за доживување нов предизвик, да се извлечам од комфорната зона. Од срце им благодарам на сите. Мојата љубов кон овој клуб никогаш нема да умре“, порача Трент, кој за првиот тим на Ливерпул одигра 352 меча и има 23 гола и 98 асистенции, а освои осум важни трофеи.

- Оглас -

Најнови вести