Трент Александер-Арнолд се договорил со Реал Мадрид

Трент Александер-Арнолд постигнал договор со Реал Мадрид и ова лето ќе стане играч на шпанскиот гигант, тврдат англиските медиуми. По месеци шпекулации за неговата иднина во Ливерпул, сега изгледа дека нема сомнеж каде ќе игра следната сезона.

Александер-Арнолд е еден од тројцата клучни играчи на Ливерпул со договори што истекуваат на крајот на сезоната.

Црвените имаа надеж дека ќе ги обноват договорите со него, Мохамед Салах и со Вирџил ван Дајк, но не се забележуваше напредок во преговорите. Веќе некое време беше извесно дека Трент нема намера да го продолжи договорот.

Според информациите, 26-годишниот дефанзивец се договорил со Реал за петгодишен договор, според кој ќе заработува над 220.000 фунти неделно. Тој е во контакт со Карло Анчелоти од јануари, кога Шпанците испратија понуда за него. Играчот веќе го известил Ливерпул за текот на преговорите со Кралскиот клуб.

- Оглас -

Најнови вести