4.8 C
Skopje
петок, 26 декември 2025

Трет бран апсења во Турција за „местење натпревари“

Во рамките на истрагата за наместени натпревари и обложување во турскиот фудбал, обвинителството во Истанбул денеска соопшти дека се уапсени 24 лица, меѓу кои и поранешниот потпретседател на Галатасарај, Ерден Тимур. Уапсен е и потпретседателот на Ејупспор, Фатих Кулаксиз, како и еден функционер на Турската фудбалска федерација.

Обвинителството во Истанбул наведува дека издалo 29 наредби за апсење, од кои 14 се однесуваат на фудбалери сомничени дека се обложувале дека нивните тимови ќе претрпат порази. Шестмина фудбалери се сомничат дека се обложувале и влијаеле на исходот на натпреварот Касимпаша – Самсунспор од октомври 2024 година.

Ова е трет бран апсења во рамките на истрагата за наместени натпревари и обложување во турскиот фудбал. Поради тоа, во ноември Турската фудбалска федерација суспендира 150 судии. Исто така, беа суспендирани речиси илјада фудбалери, од кои 25 од Првата лига, додека останатите настапувале за клубови од втората, третата и четвртата турска лига.

- Оглас -

Најнови вести