Сифан Хасан го освои второто злато на Игрите во Токио по триумфот во женската трка на 10.000 метри. За холандската атлетичарка ова е втор успех по победата на 5.000 метри, односно го собра третиот медал откако беше бронзена на трката на 1.500 метри.
За освојување на златниот медал Хасан забележа време од 29:55,33 минути, додека со сребро, односно бронза, се закитија Калкидан Гезање од Бахреин и Летесенбет Гидеј од Етиопија.
Another #Gold for Sifan Hassan!
After success in the 5,000m, the runner from #NED now wins the women’s 10,000m.
What an achievement!#StrongerTogether | #Tokyo2020 | @WorldAthletics | #Athletics pic.twitter.com/6ZkejRyUFo
— Olympics (@Olympics) August 7, 2021
Во трката на 1.500 метри во машка конкуренција, најдобар беше Норвежанецот Јакоб Ингебригстен, а времето од 3:28,32 минути беше доволно за да постави нов олимписки рекорд. Тимоти Черуијота од Кенија се закити со сребрен медал, бронзен е Џошуа Кер од Велика Британија.