Ерлинг Халанд игра во фантастична форма и со два гола донесе нова победа за Манчестер сити во Премиер лигата. „Граѓаните“ со 2-0 славеа над Евертон пред својата публика, а двата гола беа дело токму на норвешкиот напаѓач.
Ова за него беа 20-тиот и 21-виот гол на последните 11 натпревари во сите натпреварувања.
Халанд погодуваше во 58-мата и во 63-тата минута за победа на Манчестер сити со која барем привремено ќе бидат на врвот од премиерлигашката табела со ист број на бодови колку што има и Арсенал, 16.
Резултати:
Брајтон – Њукасл 2-1
Барнли – Лидс 2-0
Кристал палас – Борнмут 3-3
Манчестер сити – Евертон 2-0
Сандерленд – Вулверхемптон 2-0