Стоперот Владимир Димитровски ги врати насмевките во таборот на Работнички и со гол во 21. минута им донесе сефте победа на „романтичарите“ во пролетниот дел од домашното првенство.
Победа како домаќин во Кичево не успеа да освои барем еден бод во битката за опстанок, во меч што доцнеше 15-на минути.
Работнички осетно се засили за продолжението на шампионатот, а Димитровски, кој стаса на почетокот на сезоната го постигна деби голот за дебармаалци, вреден три бода.
Романтичарите останаа на четвртата позиција сега со 31 бод, а Победа е на делба на последната позиција со Беласица. Двете екипи имаат по 18 бодови и ќе бијат тешка битка за опстанок.