Трета среќа за Бенфика, во Истанбул голманите ќе бидат на тежок тест

6001 Интер – Салцбург (18.45 часот)

Ова е дуел на два тима кои во првите две кола играа неефикасни мечеви со 0-2 гола, но не стојат лошо на табелата, Интер има 4, а Салцбург три бода. Европскиот вицепрвак е фаворит на хартија најмногу поради домашниот терен и формата во домашната Серија А. Кај Интер на дуелот со австрискиот првак ќе го нема Австриецот Арнаутовиќ. Салцбург викендов загуби дома од ЛАСК, па во Милано одат во не баш добро расположение. Црвените бикови се незгодни гости, ја изненадија Бенфика во Лисабон, па Интер треба да биде претпазлив.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.14)

 

6002 Галатасарај – Баерн (18.45 часот)

Баерн има 6, а Галатасарај 4 бода по првите две кола, па ова е и дерби во групата и битка за првото место. Според случувањата на нивните мечеви во првите две кола (секогаш беше ГГ 3+), и вечерва во Истанбул би требало двата тима да постигнат барем по еден гол. Баварците се фаворити, најавено е дека во составот ќе биде и Мазрауи, кој пропушти неколку меча, а проблем за Турците е повреда на Икарди, поради која настапот на првиот стрелец можеби е неизвесен. Галата половина година нема пораз на официјален меч, а овие два клуба меѓу себе се среќаваат за првпат по 51 година.

Предлог тип: 4+ (2.00)

 

6004 Севилја – Арсенал (21.00 часот)

Севилја во првите две кола играше нерешено во мечеви на коишто и даваше и примаше гол, а Арсенал нема реми, имаше по една победа и пораз. Севилја и викендов против Реал Мадрид одигра реми во дуел со даден и примен гол, а тоа му се случи и на Арсенал против Челзи. Помина еден месец откако Севилја за последен пат ја зачува својата мрежа, а последен пат кога Топчиите не постигнаа гол на некој меч беше во мај.

Предлог тип: Х2 & ГГ (2.11)

 

6005 Унион Берлин – Наполи (21.00 часот)

Унион Берлин, кој е дебитант во ЛШ, уште нема освоено бод, губеше минимално во првите две кола. За нив хендикеп е што мечевите во ЛШ како домаќини не ги играат на нивниот стадион, туку на Олимпискиот во Берлин. Кај Наполи ќе ги нема Осимен и Елмас. Германскиот тим е во ужасна серија од осум порази по ред во сите натпреварувања, на последните три меча редовно прима барем три гола и Наполи треба да ја искористи кризата кај противникот.

Предлог тип: Х2 & 2-4 (1.87)

 

6008 Бенфика – Реал Сосиедад (21.00 часот)

Лисабонските Орли разочараа во првите две кола, уште немаат бод, немаат ни дадено гол и овој меч им е последна шанса да почнат да собираат бодови ако сакаат да се пласираат во осминафиналето или барем да продолжат во Лигата на Европа. Шпанците се опасен тим кој има 4 бода, во минатото коло победија на гости кај Салцбург. За домашните голем хендикеп е повредата на Ди Марија. Ова се два тима кои ретко играат нерешено во последно време, а никогаш порано не се сретнале во меѓусебен дуел.

Предлог тип: Т1 2+ (2.26)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести