Трета среќа за Енди Мареј, конечно дочека син

По двете ќерки, тенисерот Енди Мареј доби и син, по објавата дека се породила неговата сопруга Ким. Тригодишната Софија и двегодишната Едим сега добија и брат, а за името дополнително ќе биде информирана јавноста.

Мареј одеше на машко и успеа од трети обид. Интересно е што во обложувалниците на Островот веќе одредија квота дека наследникот на Енди еден ден ќе го освои гренд слем турнирот Вимблдон. Коефициентот е 500.

Енди Мареј има две титули на Вимблдон. Тој нема премногу време за славење и релаксирање бидејќи за две недели треба да игра во Дејвис купот.

- Оглас -

Најнови вести