1002 Манчестер ј. – Брентфорд (16.00 часот)
Манчестер јунајтед игра очајно сезонава и денешниот дуел може да биде еден од последните на менаџерот Ерик тен Хаг доколку не успее да победи. Црвените ѓаволи доживеаја два порази во последните седум дена и тоа на „Олд трафорд“, прво од Кристал палас загубија со 0:1, а потоа и од Галатасарај во Лигата на шампионите и денеска не смеат да ги дозволат нов кикс против Брентфорд кој во минатото коло со ремито против Нотингам форест, ја прекина серијата од три порази во низа. На последните два меѓусебни дуели на „Олд трафорд“, Манчестер јунајтед славеше (1:0, 3:0).
Предлог тип: 1 & 1+ второ (2.06)
1303 Реал Мадрид – Осасуна (16.15 часот)
Кралевите по поразот во градското дерби против Атлетико кое се играше пред 15-тина дена, влегоа во победнички ритам, остварија три триумфи од кои последниот беше над Наполи во ЛШ и денеска има одлична шанса да ја продолжи серијата. Во гости им доаѓа Осасуна која подобро игра на гости отколку пред своите гледачи. На последните три меча кои се играа на „Сантијаго Бернабеу“, Кралевите славеа само еднаш со 2:1, а на два меча немаше победник. Но, Реал се наоѓа во победнички ритам и буквално за сè ќе се прашува на овој меч.
Предлог тип: 1-1 & 2+ (2.17)
1305 Севиља – Рајо В. (21.00 часот)
По лошиот старт во Ла Лига во кој забележа три порази по ред, Севиља игра се подобро и вечерва ја има фаворитската улога против тимот за кој настапува македонскиот репрезентативец, Столе Димитриевски. Во последните шест меча во сите натпреварувања, Севиља загуби само од Барселона, а во последниот дуел пред своите гледачи со 5:1 ја торпедира Алмерија. Рајо на последните четири меча во Ла Лига нема пораз, но притоа оствари само една победа.
Предлог тип: 1 & Т1 2+ (2.14)
1805 РБ Лајпциг – Бохум (15.30 часот)
Ред Бул Лајпциг во средата загуби од Манчестер сити во Лигата на шампионите и денеска му доаѓа „редовен муштерија“ против кој би требало да ги залечи раните од поразот од европскиот шампион. Овие два тима меѓу себе одиграле девет меча во историјата и дури на осум славел Ред Бул Лајпциг.
Предлог тип: Т1 1-3 I & 1-3 II (1.98)
3004 Јувентус – Торино (18.00 часот)
Денеска се игра популарното ториско дерби „Дерби дела Моле“ во кое Јувентус е далеку поуспешен тим. Во досегашните 157 меча, Старата дама славела на 76, Торино на 35, а 45 меча завршиле без победник. Јувентус сè уште се мачи да ја пронајде идеалната форма, но и покрај тоа игра солидно и има само четири бода помалку од лидерите на табелата, Интер и Милан. Јувентус сè уште не постигнал повеќе од три гола на еден меч, по седум кола во Серија А има гол-разлика 12:6, додека Торино има 6:7. На последните десет меѓусебни меча, Јувентус нема пораз, оствари шест победи и четирипати одигра нерешно.
Предлог тип: 1 & 0-3 (2.50)