7.8 C
Skopje
сабота, 3 јануари 2026

Трета среќа за Миовски во најголемото шкотско дерби

Откако не беше во составот на последниот меч во 2025 година, Бојан Миовски денеска се враќа кај Ренџерс и ќе биде на располагање за супер дербито против Селтик од шкотската Премиер лига.

Македонскиот напаѓач веќе одигра две глазговски дербија. Дебито во дресот на Ренџерс на 31-ви август му беше токму против Селтик кога одигра 72 минути на домашен терен на „Ајброкс“, а потоа во ноември одигра 50 минути против Селтик и во Лига купот на „Хампден парк“. Но, попладнево од 13.30, Миовски ќе има прилика првпат да гостува против Селтик во пеколна атмосфера во големото дерби.

Селтик има три бода повеќе од Ренџерс, а три бода помалку од првопласираниот Хартс, па овие три  тима се борат за титулата.

- Оглас -

Најнови вести