Репрезентациите на Македонија и Саудиска Арабија попладнево ќе играат пријателски меч на неутрален терен во Прага, дуел кој ќе биде трет помеѓу овие две селекции во историјата.
Македонија досега ја нема победено Саудиска Арабија, имаме едено реми (1-1) во 2001 година на гостувањето во Ријад, но и пораз (0-1) во 2022 година, кога игравме на неутрален терен.
Мечот во Прага е одлична можност за прва победа против овој противник, а и квотата во Sport Life е одлична. Арапите се во мала предност со квота од 2.50, но квотата за наша победа е фантастична, 3.05.
Сепак, овој меч и не е најважниот за нас во овој септемвриски прозорец бидејќи веќе во недела нѐ очекува дуел за бодови против Лихтенштајн, па селекторот Благоја Милевски со сигурност дека ќе сака и да ги сочува силите за натпреварот од квалификациите за пласман на Светското првенство 2026.