Трета среќа за Вардар против Беса

Околу 550 опции за обложување ви се нудат во Sport Life за фудбалскиот меч Вардар – Беса Добри Дол кој се игра попладнево од 16 часот на тренинг центарот на ФФМ во Скопје.

Вардарци се големи фаворити за победа, и ако ја остварат целта, ќе бидат многу блиску до обезбедување на опстанок. Но, Вардар и Беса играа меѓусебе двапати во текот на сезонава, а Вардар не победи.

Прво во октомври во Гостивар победи Беса со 2-1, а потоа на 1-ви март на Арената во Скопје немаше голови. Третиот обид на Вардар да победи ќе биде на трето различно место. Засилените вардарци пролетва играат многу подобро, одамна не знаат за пораз, и имаат реална шанса да го разбијат малерот.

Беса има само една гостинска победа сезонава, а Вардар е тим кој бележи подобри резултати на гости отколку дома. Вардар на свој терен нема лигашка победа уште од 9-ти ноември.

- Оглас -

Најнови вести