Црвена ѕвезда го совлада Виртус во Болоња со 102-93, што за Црвено-белите од Белград е трета евролигашка победа по ред и на сите овие три дуели постигнаа троцифрен број на поени.
За Ѕвезда тоа беше 14-та победа сезонава, а нивниот градски ривал Партизан го шокираше водечкиот Хапоел Тел Авив со 104-101 по продолжение.
Овој меч се играше во Минхен, затоа што Арената во Белград е зафатена за ЕП во ватерполо, па Партизан беше домаќин во Германија. Хапоел водеше со 21 поен ралика по првото полувреме, но Црно-белите на чудесен начин се изборија за дополнителни пет минути во кои беа подобри.

