Му даде 30 поени на Гобер, а од него фати коронавирус

Крилниот центар на Детроит пистонс, Кристијан Вуд, е третиот кошаркар од НБА лигата кој има коронавирус, после Руди Гобер и Донован Мичел од Јута џез. Клубот од сојузната држава Мичиген објави соопштение во кое потврди дека еден нивен член бил позитивен на вчерашното тестирање за Ковид-19, но не открија за кого станува збор. Сепак, тоа не можеше да се сокрие и медиумите открија оти е Вуд.

Агентот на Вуд даде изјава дека неговиот клиент се чувствува „100 проценти добро“. Вуд кој има 24 години, ја игра својата прва сезона во Пистонс, каде дојде од Њу Орлеанс пеликанс, и беше во добра форма, во средата против Филаделфија уфрли 32 поени, што му е личен рекорд.

Детроит, Кливленд кавалирс и Бостон селтикс се последните три тима кои се сретнаа со Јута, па затоа нивните играчи беа тестирани. Од канадскиот тим сите резултати биле негативни, а за еден уште се чекаат резултатите од испитувањето. Вуд на дуелот со Јута даде 30 поени и имаше незаборавно забивање преку Гобер, кој е првиот кошаркар што се зарази од вирусот.

- Оглас -

Најнови вести