16.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Третиот најскап фудбалер во историјата на Баерн го одбра својот следен клуб

Матајс де Лихт пред две години пристигна во Баерн Минхен од Јувентус за сума од 67 милиони евра и тогаш беше втор најскап фудбалер во историјата на клубот. Сепак, минатото лето Хари Кејн го истисна на третото место, но и покрај високиот трансфер, холандскиот репрезентативец си заминува од Баварија.

За него интерес има од Манчестер јунајтед и ПСЖ, но Де Лехт им дал дозвола на своите агенти да преговараат само со Црвените ѓаволи и тоа се очекува да биде неговата следна дестинација. Неговиот договор со Баварците истекува во 2027, а моменталната вредност му е проценета на 65 милиони евра, па Баерн Минхен ќе си ги врати парите кои ги вложи во него.

Матајс де Лихт во својата кариера освен за Јувентус и Баерн Минхен, настапуваше и за екипата на Ајакс. На сите четири натпревари на Холандија на Европското првенство остана на клупата за резерви.

- Оглас -

Најнови вести