Судиите кои делеа правда на средбата Шкендија – Пелистер беа исвиркани и навредувани, па мораше со полициска придружба и лица од домашниот клуб да го напуштат теренот на Градскиот стадион „Еколог арена“ во Тетово.
Иако Шкендија го доби мечот, фановите беа гневни на судиската тројка предводена од Бенџамин Керими, кому помошници му беа Даниел Василевски и Бранко Путилин, па имаше мешаница, но не дојде до поголем инцидент.

