Трето засилување за Вардар, потпиша и Маневски од Тиквеш

Доскорешниот фудбалер на Тиквеш, Михаил Маневски, е најновото, трето засилување за најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар. Освен Маневски, за скопските „црвено-црни“ претходно потпишаа и Пинтер од Шкупи, како и Јанкулов од АП Брера.

Маневски во својата кариера освен за Тиквеш, настапуваше и за Академија Пандев, Брегалница, Шкендија, Гостивар и Силекс.

Неофицијално, Вардар е во завршни преговори и со поранешниот дефанзивец на Шкупи, Фаустин Сенгор, кој во моментов настапува во Турција.

- Оглас -

Најнови вести