Третолигаш прави чуда против Барселона, дете од Ла Масија му даде хет-трик на каталонскиот гигант (Видео)

Третолигашот Интерсити е херојот на оваа вечер откако по 90 минути успеа да остане несовладан од каталонскиот гигант Барселона, во меч од 16-финалето на Купот на Шпанија. Екипата која е во зоната за испаѓање во трета лига, на свој терен одигра 3:3 против Барселона, па сега мора да се играат продолженија, а можеби и пенали, за да се дознае патникот во следната фаза.

Барселона со Депај, Дембеле, Кеси, Бускетс, Алба, Кунде, Араухо, Белерин… во составот поведе со голот на Араухо за водство по првите 45 минути. Во второто полувреме се случи чудото.

Ориол Солдевилја, кој има само 21 година, а како тинејџер бил дел од школата на Барселона, е херојот на домаќините. Напаѓачот на Интерсити израмни на 1:1 во 59-тата минута. Барселона водеше и со 2:1 со голот на Дембеле, а потоа и со 3:2 по погодокот на Рафиња, но Солдевилја беше човекот кој со хет-трик му донесе голема радост на третолигашот и реми 3:3 по 90 минути.

Погледнете ги погодоците на Солдевилја:

 

https://twitter.com/i/status/1610754173414576128

- Оглас -

Најнови вести