Германскиот третолигаш Арминија Билефелд се пласира во четвртфиналето на Купот откако изненадувачки со 3:1 славеше над Фрајбург, екипа која е дел од елитната Бундеслига.
Иако Фрајбург играше на гостински терен, од фактот дека се работи за екипа која е на шестото место во германското првенство, јасно беше дека е фаворит за поминување во следната фаза. Сепак, фудбалерите на Арминија Билефелд на теренот покажаа дека може да се носат и да бидат подобри од фаворитот.
За Фрајбург не почна добро мечот затоа што гостите промашија пенал во 18-тата минута, а 10 минути подоцна Арминија Билефелд даде гол за 1:0. До полувремето, третолигашот водеше со 2:0. Во 63-тата минута Фрајбург намали на 2:1, но во финишот, кога гостите тргнаа со сите сили да се обидат да израмнат, следуваше нов шок и во 81-вата минута Арминија Билефелд погоди за 3:1 и победа во Купот.
Во четвртиналето се пласира и Штутгарт, кој со 3:0 го победи Рагенсбург.