Третолигашкиот „фенерџија“ направи сензација, два премиерлигаши испаднаа (Видео)

Порт Вејл е „фенерџија“ во третолигашката англиска конкуренција, но ќе игра во четвртфиналето од ФА купот, откако успеа да го елиминира премиерлигашот Сандерленд со минимални 1-0. Херој на Порт Вејл беше интернационалецот од Нов Зеланд, Бен Бајн, кој го постигна единствениот гол во 28-мата минута.

За Порт Вејл ова е најголемиот успех во ФА купот по оној во 1954 година, кога исто како и годинава, играа во четвртфиналето.

Во четвртфиналето од ФА купот ќе има и второлигаш, откако Саутемптон успеа да го елиминира Фулам како гостин со 0-1.

Порт Вејл и Саутемптон им се придружија на Ливерпул, Арсенал, Челзи и Манчестер сити во четвртфиналето од најстарото клупско натпреварување во светот.

- Оглас -

Најнови вести