16.8 C
Skopje
четврток, 30 октомври 2025

Третолигашот Крушево продава фудбалер за еден милион евра

Фудбалерите на Крушево го приредија најголемото изненадување во 16-финалето на Купот на Босна и Херцеговина откако по подоброто изведување на пеналите го победија апсолутниот фаворит Борац од Бања Лука.

Третолигашката екипа помина понатаму, иако Борац имаше водство од 2:0 на полувреме. Во вториот дел, аутсајдерот постигна голови во 53-тата и 62-рата минута за 2:2, а потоа на пенали, тимот на Крушево славеше пласман во следната фаза.

По завршување на средбата, на фејсбук-страницата на Крушево посебно беше потенцирано како одигра младиот 18-годишен Иван Зеленика.

„Години 18. Го преврте Борац наопаку. Асистенција, стрелец и претрчани 16 километри. Цена 1.000.000 евра. Дами и господа, Иван Зеленика“, стои во постот на третолигашот од БиХ.

Оваа Куп-победа на Крушево е големо изненадување, но тоа е клубот кој и минатата година беше најпријатното изненадување во Купот на БиХ, кога стигна до четвртфиналето, а нивниот поход тогаш го сопре Железничар.

- Оглас -

Најнови вести