Третото коло значи трета среќа за освојување на „ајфонот“

Првите две кола од третата сезона на Спортска прогноза покажаа дека прогнозерите се во одлична форма, па малку недостасуваше во втората рунда да биде доделен и првиот „ајфон 11“, кој е главна неделна награда на „Среќна 13-ка“. Двајца прогнозери имаа по 12 погодоци и тоа е охрабрување дека и не е невозможно да се стигне до максимален број погодени натпревари.

Авантурата во третото коло кое е веќе достапно за прогнозирање почнува на „Бај арената“ во Леверкузен, со мечот меѓу Баер и Лајпциг. Во миксот од различни првенства има уште три други дербија, позвучни од бундеслигашкиот дуел, а тоа се: Галатасарај – Фенербахче, Рома – Јувентус и Ливерпул – Арсенал.

Интересно е што според процентите на оние што досега прогнозирале, на овие три меча има изразени фаворити. Над 70 проценти од прогнозерите се изјасниле за фаворитите кај сите овие мечеви, кои на хартија би требало да бидат неизвесни и возбудливи.

Потсетуваме дека тука се и двата резервни пара, кои носат важни поени во битката за Генерален пласман и за конечен победник во третата сезона на Спортска прогноза.

- Оглас -

Најнови вести