Тргна и Бундеслигата во Новата година и тоа со реми на шампионот на гостувањето во Лајпциг (Видео)

По двомесечна пауза, вечерва продолжија возбудувањата во Бундеслигата и тоа со дерби пресметката меѓу Ред Бул Лајпциг и Баерн Минхен во рамки на 16-то коло.

Средбата заврши без победник 1:1, по што Баерн остана на лидерската позиција на табелата со 35 бода, додека Лајпцг е трет со шест бода помалку.

Резултатот го отвори Чупо-Мотинг со голот во 37-та минута. Баварците пет минути претходно постгнаа гол, но судијата по консултација со ВАР собата, го поништи поради офсајд.

На стартот од второто полувреме, во 52-та минута Ред Бул Лајпциг дојде до израмнување преку Марсел Халштенберг

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести