Тргна возот на радост на навивачите – И на култниот стадион ќе се игра ЕП со гледачи на трибините

Министерството за здравство на Баскија донесе одлука што ќе ги израдува навивачите на Европското првенство и дозволи со ограничен капацитет да има гледачи на трибините на култниот „Сан Мамеш“.

Во Билбао, како еден од коорганизаторите на Европското првенство, Шпанија ќе игра три меча. Против Полска, Шведска и Словачка ќе биде дозволено да се пополни делумно со 25 отсо капацитетот на стадионот што собира 53.289 навивачи, или околу 13 илјади по меч за ЕП.

Засега најдобра понуда има Санкт Петербург, град кој дозволи да биде пополнет половина од капацитетот од „Газпром арената“ со 68 илјади места, што значи дека Русија и нивните противници ќе играат пред 34 илјади гледачи на секој меч од ЕП.

Македонија ќе игра во Букурешт, два меча против Австрија на 13 јуни и со Украина четири дена подоцна пред околу 12 илјади гледачи на националната арена во главниот романски град, а и Холандија најави дека ќе има публика на стадионот „Јохан Кројф“ во Амстердам на 21 јуни за нашиот трет меч во фазата по групи на ЕП.

 

- Оглас -

Најнови вести