Тргнува полноќниот експрес на Спорт Манија

Од вечерва тргнува Полноќниот експрес на Спорт Манија, а со анализи и предлог типови ќе патуваме заедно со вас до професионалните лиги во САД и Канада.

Ноќната шема ќе ја почнеме со пет предлог типови и анализи од натпреварите во НБА и НХЛ лигата, кои влегуваат во последниот период, кога се бијат решавачките битки за пласман во плејофот.

 

Индијана Пејсерс – Милвоки Бакс (НБА, 01.00 часот)

Двете екипи се борат за првото место во Источната конференција, а засега Милвоки е на врвот со четири победи повеќе од Индијана. Домаќините успеаја да го надополнат отсуството на најдобриот играч и поентер Виктор Оладипо и се во серија од шест победи.

Против Бакс ќе се обидат да ја израмната најдолгата низа сезонава од 7 триумфи по ред, а имаат и подлога за тоа. На последните четири меча со Милвоки во „Филдхаус“ арената во Индијанаполис успеваа да победат.

Мечот е многу значаен за двете екипи, се бие битка за што подобра позиција за плејофот, па очекуваме меч со помалку поени од понудената граница.

Предлог тип: < 218.5 поени (1.85)

 

Кавај Ленард (Торонто Репторс – Вашингтон Визардс, НБА 01.30 часот)

Ленард е едно од најдобрите ниски крила во НБА лигата, а еден од омилените противници му е тимот на Вашингтон визардс. На последниот меч против маѓепсниците од главниот град на САД постигна 41 поен, што е далеку над границата од 26.5 поени понудена во специјалот на „Sport Life“ за НБА лигата.

Кога игра како што знае Кавај е играч што тешко може да се сопре и е вистинска машина за кошеви. Вашингтон сезонава практично игра без одбрана, прима и дава многу кошеви, па изборот на Ленард може да биде добитна комбинација на тикет.

Предлог тип: > 26.5 поени (1.85)

 

Бредли Бил (Торонто Репторс – Вашингтон Визардс, НБА 01.30 часот)

Во отсуство на Џон Вол, токму Бредли Бил е првиот кошгетер на Вашингтон и во голем процент на мечевите од НБА лигата ја надминува понудената индивидуална граница за поени.

На последниот меч против Торонто им уфрли неверојатни 43 поени со трипл-дабл учинок. И против Репторс игра особено добро, па ја минуваше границата од 30+ поени на последните три од четирите одигран и натпревари.

Вториот бек стартер на Визардс, Томаш Саторански веројатно и ноќеска нема да игра, Џон Вол е оддамна отсутен, што ќе значи некоја минута плус на паркетот за Бил и можност полесно да ја исполни квотата од 25.5 поени.

Предлог тип: > 25.5 поени (1.87)

 

Лос Анџелес Клиперс – Феникс Санс (НБА, 04.30 часот)

Еден од најдобрите стрелци кај Клиперс, Тобијас Харис си замина во Филаделфија, но тимот од Ел-Еј си остана вистинска машинерија за кошеви.

Ветеранот Лу Вилијамс игра извонредно, во тимот се врати по повредата и Данило Галинари и Клиперс остануваа кандидати за плејоф.

Феникс има лоша сезона и е последен во Западната конференција со само 11 победи, но честопати игра ефикасно. Имаат примено најмногу кошеви на Западот во НБА лигата, дури 6.718 на 58 меча, но и даваат доста кошеви. Ја микнаа границата од 6.000 поени, имаат еден одличен стрелец во Девин Букер и млад тим што има потенцијал за подобар пласман во некоја од селдните сезони.

Предлог тип: > 228.5 поени (1.85)

 

Питсбург Пингвинс – Едмонтон Ојлерс (НХЛ, 02.00 часот)

Со победа против Филаделфија, хокеарите на Питсбург ја прекинаа серијата од четири порази и останаа во битка за место во плејофот. Во моментов се осмопласирана екипа во Источната конференција, но има многу конкуренти кои се закануваат дека ќе го исфрлат шампионот од 2016 и 2017 година од настап во завршницата. Ова е меч што мора да се добие, иако се чувствува отсуството на Ол-стар звездата Евгени Малкин кај пингвините.

Едмонтон е на 13. позиција на Западот, но има шанси за да се трка за место кое води во доигрувањето за титулата. Последните пет меѓусебни дуели му припаднаа на фаворитот, а интересно е што четири од последните шест дуели меѓу Питсбург и Едмонтон зав ршуваа нерешено, па се освојуваа б одови по продолженија, или по изведување на пенали.

Предлог тип: 1&5+ (2.31)

 

 

- Оглас -

Најнови вести