Tри автоголови за половина час, кој од кој поефектен (Видео)

Натпреварот помеѓу боливиски Сан Хосе и еквадорски ЛДУ Кито од Копа Либертадорес ќе остане запаметен по гол-шоуто и резултатот 3-3, со тоа што половина од погодоците беа автоголови. До 1-1 сè беше „нормално“, а потоа играчите за половина час успеаја трипати да ги затресат мрежите на своите екипи.

Најголем малер беше домашниот искусен играч Сезар Мена, кој си даде дури два автогола, од кои првиот атрактивен, со глава, а вториот смешен, бидејќи имаа огромно недоразбирање со голманот. Но, за негова среќа, Сан Хозе не загуби. И гостите си дадоа несреќен автогол, но убав за очи, а потоа домашните постигнаа уште еден погодок и ја затворија гол-серијата.

Погледнете ги сите голови на средбата и смејте се на четвриот и петтиот кои беа постигнати несакајќи:

 

- Оглас -

Најнови вести