Три дербија се главни на Спортска прогноза, но прогнозерите веќе си имаат фаворити

Три дерби-мечеви „бодат очи“ во 22-рото коло на Спортска прогноза, во кое од вчера веќе може да се типува на интернет-страницата на Sport Life, а според досегашните проценти, играчите кои досега си ја завршиле обврската си имаат свои фаворити во овие дербија.

Во трката за главната премија, прекрасниот IPhone XS, што е наменет за прогнозерот или прогнозерите кои ќе ги погодат сите 13 двојки од основната програма, има многумина вешти прогнозери и затоа процентите во „анкетата“ треба сериозно да се земат предвид.

Колото почнува со меч од Бундеслигата помеѓу Фрајбург и Хофенхајм, што ќе се игра од 15.30 часот во сабота. Тоа е последниот термин до кој може да се прогнозира.

Од саботното мени најинтересни се дуелите Баер Леверкузен – Борусија Дортмунд и Порто – Бенфика. Засега 62 проценти од прогнозиерите се изјасниле дека Порто ќе го совлада ривалот од Лисабон.

В недела има 7 натпревари и се издвојуваат дербито на Баскија меѓу Реал Сосиедад и Атлетик Билбао (две третини прогнозирале победа на домашните), тимови кои утре имаат тешки куп-мечеви со Реал Мадрид, односно Барселона, како и шлагот на тортата за крај, од 20.45 часот е миланското дерби помеѓу Интер и Милан. Нераѕурите се официјални домаќини, а дури 76 отсто од прогнозерите досега типувале „кец“.

Стандардно подготвивме и две резервни двојки, а и тука погодените исходи ќе се преточат во поени што важат во поредокот во Генералниот пласман, каде што Христијан Т. е прв со шест поени предност во однос на вториот Петре И.

И новите прогнозери се добредојдени. Наградите се одлични, забавата е загарантирана, секогаш е поинтересно кога има дополнителни мотиви за следење на натпреварите, а Sport Life наградува со телефони, ваучери, телевизори, СЛ Маркет поени…

 

- Оглас -

Најнови вести