Три децении од трагедијата на „Хилсборо“: Половина од загинатите можеле да бидат спасени

Датумот 15 април останува еден од најтажните во англискиот спорт. На тој ден во 1989 година се случи една од најголемите спортски трагедии во светот. На стадионот „Хилсборо“ загинаа 96-мина навивачи, а дури 766 беа повредени.

Требаше да се игра полуфиналето од ФА купот меѓу Ливерпул и Нотингам форест, а челниците на Англиската федерација (ФА) одлучија дуелот да биде на неутрален терен, во Шефилд на „Хилсборо“. Сепак, наместо фудбалски спектакл, се случи трагедија.

Поради грешка на безбедносните служби и полицијата, на стадионот кој имаше капацитет од 39.000 гледачи, беа пуштени повеќе од 54.000 гледачи. Тогаш на трибините се случи паника, а организаторите ја направија клучната грешка. Ја отворија заштитната ограда на трибината „Лепинг Лејн Енд“ за да се намали притисокот. Сепак, наместо тоа, се случи смртоносно стампедо.

https://youtu.be/esyxX0iVnYc

Вкупно 96-мина навивачи настрадаа, а 766-мина беа повредени. Втор голем пропуст е тоа што откако се случи трагедијата, на повредените не им била дадена соодветна помош. Истрагата покажала дека дури 41 жртва можела да биде спасена доколку добиела соодветен лекарски третман. Најмладата жртва во стампедото е 10-годишно детенце.

„Грешката на полицијата во планирањето и организацијата на мечот се причина да дојде до големата трагедија на стадионот на Шефилд во 1989 година“, е одлуката на поротата по судската постапка за тоа кој е виновен за таа трагедија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести