Три гиганти во Серија А чекаат одговор на еден играч

Рома е блиску до доведување на Аркадјуш Милик од Наполи. Римската волчица се договори со Наполи за трансфер вреден 25 милиони евра, но „кочница“ е самиот играч. Милик одби да го продолжи договорот со Наполи, но не за да направи трансфер во Рома, туку да чека повик од Јувентус.

Сепак, Јувентус засега не размислува за понуда за Милик, а многу поголеми шанси да пристигне во гигантот од Торино е голгетерот на Рома, Един Џеко. Според пишувањата во Италија, можно е да се случи договор на сите три клуба со тоа што Милик ќе потпише за Рома, а тимот од „Олимпико“ во Јувентус ќе го испрати Џеко.

Од Рома најавија дека не планираат да го пуштат Џеко додека не најдат негова замена, па едноставно сите три клуба чекаат Милик да се согласи да замине во Рома, па потоа и босанскиот репрезентативец да може да направи трансфер во Јувентус.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести