Ливерпул е актуелен европски владетел, но англискиот тим остана да сонува за трофејот во домашното првенство веќе 30 години. Сигурно дека и во новата сезона Ливерпул ќе биде еден од главните фаворити за тронот. За да успее во мисијата, тренерот Јирген Клоп треба да има на ум дека во своите редови има еден фудбалер кој е вистински талисман.
Ендрју Робертсон дојде на „Енфилд роуд“ во 2017 година од Хал и досега нема ниту еден пораз. Во 39 меча пред своите фанови со Робертсон во екипата, Ливерпул има 32 победи и седум нерешени меча, без пораз. Во минатата сезона, Ливерпул два пати беше поразен дома, но во двата случаи, Робертсон не беше дел од екипата.
Првиот пораз беше во ФА купот од Вест Бромвич албион (2:3), додека вторпат загубија од Челзи со 1:2 во Лига купот.
Освен што носи среќа, Робертсон е одличен и на теренот. Минатата сезона левиот бек на Ливерпул имаше дури 13 асистенции за погодок, што го прави еден од најкорисните играчи во тимот.