Еден Азар според најавите од таборот на Реал Мадрид конечно ќе игра на „Ел Класико“, против Барселона, што се смета за најголемото фудбалско дерби на планетата.
Белгиецот е подготвен по тригодишен престој во Реал, конечно да игра на вечното шпанско дерби против Барса, овојпат во Лас Вегас, рано наутро со почеток од 5 часот.
Hazard podría jugar esta noche su PRIMER clásico.
— Arancha Rodríguez (@AranchaMOBILE) July 23, 2022
Азар пристигна во Реал во 2019 година, но поради честите повреди и лошата форма прикажа малку од својот репертоар и не му се погоди да игра на ниту еден меч на популарното „Ел Класико“.
Сега е време за Еден да заокружи број еден во градот на коцката, Лас Вегас и да го запише првиот настап на спектакуларен меч.
Најавено е дека за Реал сигурно нема да играат Карим Бензема и Карвахал.