Дека во фудбалот се случуваат најразлични чуда е потврда и тоа што се случува во втората руска лига. Екипата на Факел од Вороњеж има неверојатна среќа за тоа како успева да се спаси од испаѓање и тоа не еднаш, туку три години по ред.
Рускиот второлигаш беше на 19-тото место сезонава и тоа значеше испаќање, но поради Коронавирусот, суспендирани се сите лиги во Русија, освен елитната Прва лига, па ниту една екипа нема да испадне во понизок ранг. Ако ова правило важи за сите првенства кои се прекинати, тогаш на никого не му се случило три пати да не испадне иако на табелата бил во зоната за пониска лига.
Претходната сезона, Факел заврши на 17-тото место, а две години претходно беше на последната позиција. Сепак во двата случаи успеа да се спаси, иако требаше да испадне. Во едниот случај имаше проширување на лигата, па токму Факел се спаси да не испадне, а еднаш, ниту еден клуб од сојузната лига кои беа на водечките позиции не се пријавија за настап во втората лига поради финансиски проблеми.
Патните трошоци во втораа лига се многу големи за разлика од трошоците во сојузните лиги, па затоа не е ни чудо зошто некои клубови едноставно не може да си дозволат да одат скалило нагоре. Како и да не Факел сезонава направи хет-трик во спасување од испаѓање иако според резултатите на теренот се за понизок ранг на натпреварување.