Мајкл Смит во натпревар од Премиер лигата во пикадо, успеа само со девет (тоа е минимумот) фрлања на стреличките да направи 501 поен и да освои партија, со што предизвика лудница на трибините во Даблин, бидејќи три години не е видено вакво нешто во Премиерлигата. Честитка за Смит дојде и од неговиот противник Дерил Дарни.
Во првите три три фрлања тој направи максимум од 180 (три тројни 20-ки), потоа во вторите го повтори тоа, дојде на 141, а потоа следуваа уште една 60-ка (тројна 20-ка), тројна 19-ка (57 поени) и двојна 12-ка (24 поени) за ерупција од воодушевување.
Ако успее уште еднаш на истиот турнир од 501 до 0 да дојде само со девет фрлања, Смит ќе добие бонус од 58.594 евра.
Погледнете ја мајсторијата во пикадо на Смит: