Три гола за девет минути – Фиорентина го нокаутираше Спал

Фиорентина славеше со убедливи 4-1 на гостувањето кај Спал во мечот од 24-тото коло во италијанскиот шампионат. Избраниците на Стефано Пиоли во завршните минути од средбата го надиграа домашниот состав, ниту негативата од еден гол не ги спречи да одговорат со четири погодоци.

Петања го 36-тата минута донесе предност за Спал, а Фернандес го израмни резултатот пред паузата.

Вистинска драма се започна од 75-тата минута. Кјеза беше соборен во шестнаесетникот на Спал, но судијата не досуди фаул, а домашните фудбалери во контра напад постигнаа гол, кој подоцна беше поништен. Од ВАР собата Паирето доби инструкции дека требаше да биде досуден пенал за гостите, па судијата го поништи голот на Спал и досуди најстрога казна во корист наФиорентина.

Веретут реализираше од белата точка во79-тата минута, а само две минути подоцна Симеоне зголеми на 3-1, додека за убедливиот триумф погоди и Жерсон во 88-та минута.

Со вкупно осум победи, Фиорентина стигна до 35 бода и се наоѓа на осмото место на табелата во Серија А, додека Спал и по ова коло ќе остане на 15-тата позиција со 22 бода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести