Викендот што следува навистина ќе биде доста возбудлив, барем ако се погледнат градските дерби-дуели кои следуваат. Првиот на програмата можеби е и најинтересниот. Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ го пречекува Манчестер сити. Во изминативе неколку години Граѓаните имаат многу повеќе успеси од најтрофејниот англиски клуб, но кога се работи за вакво ривалство, секогаш е тешко да се прогнозира победникот. Токму дербито на Манчестер е прво на листата од 13 средби, кои се дадени како предизвик за прогнозирање во 12-тото коло на Спортска прогноза.
Бесплатната игра на Sport Life може да биде и добитна за оние кои ќе бидат најумешни во прогнозите. За Среќна 13-ка главна премија е мобилен телефон „ајфон 12“, а подароци има и за оние со по 12 и 11 погодоци, а тоа се вредносни ваучери од по 1.000 и 500 денари кои ги обезбедува најдобрата обложувалница во Македонија. Во минатото коло беа доделени еден ваучер од 1.000 денари и дури 16 со по 500 денари за оние коишто имаа по 11 погодоци.
На листата на градски дерби-дуели во ова коло е и италијанската класика помеѓу Милан и Интер. Росонерите ја играат најдобрата сезона во клупската историја и имаат 10 победи и едно реми во 11 кола, додека Интер го брани приматот на шампион на Италија.
Бетис и Севилја ќе се сретнат во градското дерби на Шпанија. Ова не е дуел на најатрактивни ривали, но кога се работи за андалузиското дерби, секогаш постои посебен сјај. Освен трите големи градски дерби-дуели, во понудата од 12-тото коло има уште 10 интересни парови кои треба да ги погодите како ќе завршат и да бидете дел од трката за освојување на вредните подароци.