Бохум и Гројтер Фирт ги освоија првите две места во втората германска лига, па директно влегуваат во Бундеслигата на местата на Шалке и Вердер, а Кил како третопласирн во Цвајта, ќе игра бараж со Келн за пополнување на елитното друштво.
Денешното последно коло во втората лига беше драматично, на дури три меча имаше пресврти и победуваа екипи кои губеа на полувреме. Еден од тие пресврти се случи на средбата на која на Кил му требаше победа за пласман во Бундеслигата. Кил водеше по првото полувреме против Дармштад, а на крај загуби со 2-3, и падна на трето место, па наместо директно да влезе во елитата, ќе мора да игра бараж. За разлика од Кил, Гројтер Фирт губеше на пауза од Фортуна Дизелдорф, но успеа да го сврти резултатот во своја полза.
Бохум се враќа во Бундеслигата после 11 години, а Гројтер Фирт не беше во Бундеслигата од 2013.