Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски, направи три измени во стартниот состав во однос на единаесеттемина кои истрчаа на дуелот против Италија.
Уште вчера беше јасно дека на местото на повредениот Столе Димитриевски, на голот ќе биде Дамјан Шишковски. Промени има уште на две позиции. На местото на Елези, сега стартер ќе биде Исник Алими, додека наместо Ашковски, од првата минута против Малта ќе истрча Бојан Димоски.
Составот на Македонија со кој ќе стартуваме на стадионот „Та-Кали’ е: Шишковски, Манев, Муслиу, Зајков, Алиоски, Димоски, Барди, Алими, Атанасов, Елмас, Миовски.
Домаќините ќе играат максимално затворено со петмина во дефанзивната линија.