Три клуба го тужат Евертон бидејќи сметаат дека требал да испадне наместо нив од Премиер лигата

Екипата на Евертон ја доби највисоката казна во Премиер лигата и ќе мора да ја доигра сезоната со 10 бодови помалку на своето конто. “Сините“ од Ливерпул веќе паднаа во зоната за испаѓање, со 4 поени, колку што има и последниот Барнли.

Од раководството на Евертон најавија дека ќе се жалат на ваквата одлука на дисциплинската комисија, но сега ќе имаат и нови проблеми. Екипите на Барнли, Лестер и Лидс ќе ги тужат “карамелите“ и ќе бараат обесштетување од 300 милиони фунти, бидејќи сметаат дека Евертон, а не тие требало да испадне од Премиер лигата.

Минатата сезона Евертон се спаси откако заврши со два поени повеќе од Лестер и пет од Лидс, додека претходната сезона имаше четири поени повеќе од Барнли. Од овие екипи сметаат дека казната со одземање на бодови требало да биде донесена многу порано и во тој случај тие не би испаднале од Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести