12.8 C
Skopje
сабота, 20 септември 2025

Три клуба од Серија А се интересирале за Василије Аџиќ, но Јуве не го дава

Најмалку три различни клуба од Серија А му се обратиле на Јувентус во текот на летниот преоден рок со барање за позајмица за 19-годишниот талент Василије Аџиќ, кој минатиот викенд во 91-ва минута го постигна победничкиот гол во големото дерби против Интер и тоа беше него врв гол во дресот на Старата дама.

Аџиќ дојде во Јувентус од Будуќност во летото 2024 година, но по повредата за време на претсезоната, тој минатата сезона повеќе играше со младинскиот тим отколку со првиот.

Назначувањето на Игор Тудор за главен тренер на Јувентус на почетокот на летото донесе повеќе можности во првиот тим за младиот црногорски репрезентативец, иако тој сè уште чека на својот прв старт за Старата дама. 

Нурсет Јашари, кој беше посредник во договорот со кој Аџиќ прејде во Јувентус, откри дека „три или четири“ клуба од Серија А истапиле со предлози за позајмица во текот на летниот преоден рок. 

„Имаше тимови кои бараа информации, но во текот на летото, Јувентус никогаш не го доведе во прашање неговото останување“, вели Јашари. 

Се шпекулира дека Сасуоло, Палермо и Џенова биле клубовите кои поднеле барања до Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести