Челниците на Серија А решија да го ангажираат уметникот Симоне Фугацоти за маркетинг-кампањата „Не за расизмот“. Интересно е што на плакатот за таа кампања беа нацртани три мајмуни. Многумина ова го видоа како нов расистички скандал, но потоа следуваше објаснување.
„Да, свесно ги одбравме мајмуните. Тоа е така затоа што мојата тема беше поврзана со расизмот, а во мојата уметничка визија мајмуните се метафора за човечката раса. Тоа е враќање на ударот на расистите, затоа што сите потекнуваме од мајмуните. Затоа и нацртав три мајмуни. Едниот е западен мајмун, другиот е азиски мајмун, а третиот е црн мајмун“, објасни уметникот за својата визија.
Многумина оваа идеја со мајмуните ја протолкуваа како скандалозна и дека тоа никако не смеело да се случи.
https://twitter.com/Football__Tweet/status/1206605774925025280