Дури 35 меча во квалификациите од Лигата на Европа ќе се играат денеска ширум континентот. Меѓу сите тие екипи, има и три македонски претставници. Шкендија, Шкупи и Ренова се нашите екипи во второто по ранг натпреварување на УЕФА.
Сите три екипи гостуваат, и тоа на Истокот, во некогашните советски републики. Шкендија и Шкупи се во Азербејџан на мегдан против Сумгаит, односно Нефчи, додека Ренова гостува во Ерменија кај Алашкерт. Се игра само по еден меч, а според коефициентите во Sport Life, реално би било барем еден македонски клуб да помине во следната фаза.
Шкендија, која има најголемо меѓународно искуство од сите три екипи, е благ фаворит против Сумгаит. За победа на тетовци, коефициентот е 2.45, а „кецот“ е 2.65. Шкупи е речиси без шанси против Нефчи затоа што коефициентот за победа на домаќините е 1.33.
Алашкерт минатата сезона со вкупни 6:1 ја елиминираше Македонија Ѓорче Петров, а и сега е во предност за конечна радост во дуелот со Ренова.
Сите коефициенти од мечевите во квалификациите од Лигата на Европа може да ги најдете на Sport Life.